Додик: Република Српска размислува за укинување на заедничката војска, полицијата и даноците во БиХ

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик најави дека властите на српскиот ентитет во таа земја ќе разгледаат поништување на надлежностите на државните институции настанати по војната како заедничката војска, државната полиција, системот за собирање даноци.

EPA-EFE

„Нештата мора да одат така што во собранието на Република Српска ќе ги поништиме сите одлуки и ќе ја повлечеме нашата согласност што сме ја дале во минатото, како на пример согласноста за војската, и ќе се повлечеме од таа структура“, кажа Додик за Радио телевизија Република Српска (РТРС).

При тоа наведе дека Република Српска би се повлекла и од договорот за воспоставување систем за собирање на недиректните даноци и полициските и правосудните тела. „Потребно е да се поништи секое постоење на државната Агенција за истраги и заштита (СИПА) на просторот на РС, недиректните даноци и сите институции кои настанаа“, додаде српскиот член на Претседателството на БиХ.

Тој се зазема за враќање на изворната надлежност на државните власти во времето на потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор. Тоа по него подразбира менување на државниот совет на министри на вкупно три ресори.

Претставниците на власта на Република Српска месец и пол ја бојкотираат работата на државните институции откако поранешниот висок претставник Валентин Инцко го наметна законот за забрана на негирање на геноцид. Државата не донесе буџет за оваа година, а под прашалник е носењето одлука за привремено тримесечно финансирање, по што може да настапи целосна блокада.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе