Додик: Република Српска ќе бара свој министер за надворешни работи на БиХ

Република Српска ќе инсистира да има свој министер за надворешни работи на ниво на БиХ, соопшти синоќа српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик.

EPA-EFE

„Разговаравме со Драган Човиќ да одиме заедно со ХДЗ на ниво на Босна и Херцеговина, и дека ќе се следиме. Сега на Хрватите им припаѓа местото на претседавачот на Советот на министри, а нам ни припаѓа местото министер за надворешни работи и веќе имаме договор со Драган Човиќ околу тоа“, кажа Додик.

Додик истакна дека „муслиманите направиле сè за да ја претстават својата политика како политика на БиХ“.

Тој порача дека следните четири години ќе бидат голем предизвик, но дека тој и неговата партија ќе продолжат таму каде што сопреле.

„Ќе се случуваат некои нешта кои ќе ѝ одат од рака на Република Српска, а тоа најдобро ќе го покаже времето кое е пред нас“, истакна Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе