„Република Српска нема скриени намери. Нашето дејствување е транспарентно и јавно свртено кон почитување на суштината на Дејтонскиот мировен договор и уставот на БиХ, но пред сè на заштитата на надлежностите на интересите на Република Српска, народот кој ние го претставуваме и од кој ми е укажана доверба без оглед во која политичка партија се наоѓаме“, кажа Додик во обраќањето до пратениците на специјалната седница на народното собрание на Република Српска.
Тој додаде дека претставниците на РС се определени за иднина на Република Српска како успешна, стабилна и заснована на принципите на Дејтонскиот мировен договор – изградба на мирот и стабилноста во заедница која функционира и во која ќе се почитуваат правата на сите конститутивни народи преку дијалог и компромис без какви било примеси на интервенционизам од страна.
„Затоа мора да се обединиме околу српското единство во сегашните тешки и деликатни околности кога имаме притисоци како никогаш порано. Мораме повеќе од кога било да се бориме за зачувување на РС, почитување на Дејтон за на Српска да не ѝ се одземе она што го има и да ѝ се врати она што го имала, а што ѝ е грабнато“, истакна Додик.