Избори за претседател на Република Српска

Додик пееше во штабот, уверен дека победил: „Ќе соработувам со Путин“ (ВИДЕО)

Хелена Тривиќ синоќа на полноќ прогласи победа на изборите за претседател на Република Српска, што доколку се потврди, би било големо изненадување бидејќи тоа би значело пораз на Милорад Додик, кој е крајно внимателен во тврдењето дека тоа не се случило.

Фото: ЕПА

„Јас сум целосно убедена во победата. Разликата во овој процент од гласовите е недостижна“, рече Тривиќ во изборниот штаб на Партијата за демократски напредок (ПДП) во Бања Лука, тврдејќи дека таа дефинитивно го победила Додик.

Врз основа на резултатите по пребројувањето на 72,3 отсто или 468 илјади гласа, ПДП утврдила дека Тривиќ добила 236 гласа гласови или 51,2 отсто, додека Додик 225 илјади гласа или 48,7 отсто. Иако останаа да се избројат уште околу 170.000 гласа, тие заклучиле дека предноста на Тривиќ е таква што Додик повеќе не може да ја престигне.

Додик рече дека СНСД постигнал „максимален резултат“. Тој сепак беше претпазлив, велејќи дека во овој момент има значителна предност пред Тривиќ и дека нема причина да се сомнева во крајниот исход.

„Изброени се 523.326 гласа, од кои јас добив 274.987, а мојот конкурент 246.425 гласа. Тоа нѐ уверува дека ваквиот резултат и овој тренд кажуваат дека сум победил на изборите“, рече Додик.

„Овие избори покажаа демократска свест. Горд сум што бев кандидат и што сега сум потврден претседател. Ќе соработуваме со нашите важни партнери како Србија, Русија, Унгарија...“, рече Додик.

Додик славеше со фолк-пејачот Аца Лукас во изборниот штаб. Додик во еден момент го зеде микрофонот и запеа: „Никој ништо не ни може, посилни сме од судбината“.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе