Додик патува во Русија, ќе се сретне со Путин

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик во следните три или четири дена ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин, објави босански Кликс.

EPA-EFE

Главната уредничка на Спутник во Србија Љубинка Милинчиќ кажа дека во следните денови Додик ќе се сретне со Путин.

Миланчиќ во контекст на одржаната средба на претседателот на Србија Александар Вучиќ со Путин кажа дека една од темите на разговорот била неизбежно и Босна и Херцеговина, но дека клучниот разговор во таа смисла ќе го води Додик лично со Путин.

„Наскоро мислам, за два, три или четири дена кај Путин оди и Додик“, кажа Милинчиќ.

Додик претходно најави „важно патување“ не сакајќи да ја открие дестинацијата каде што ќе разговара за неговите следни чекори.

„Мене ме очекува важно патување кое е битно за нас. Но тоа не условува одржување посебна седница, односно суштината на она за што ќе разговараме, туку е потребно на една така важна адреса да се поразговара уште за тоа“, кажа Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе