Додик: Одлуката на црногорскиот парламент за Сребреница е непријателски чин

Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, за РТРС изјави дека одлуката на Парламентот на Црна Гора за Резолуција за геноцидот во Сребреница ја смета за непријателски чин.

Фото: ЕПА

Додик рече дека е несфатливо црногорскиот парламент да донесе резолуција за Сребреница без тоа да помине во Босна и Херцеговина.

„Ако парламентарното собрание на БиХ не донело сличен документ, тогаш се поставува прашањето зошто тоа го стори Црна Гора, и прашањето е дали станува збор за акт на мешање во внатрешните работи. Ако политиката на БиХ не може да постигне консензус за тоа прашање, како можно е тие да имаат право да зборуваат за тоа. Дали е тоа миење на нивната совест“, нагласи Додик.

Парламентот на Црна Гора, како што оцени, не докажа ништо за Сребреница, но „докажа дека е континуирано против Србите и е антисрпски“.

„Јас апсолутно го доживувам како непријателски чин и ќе знам како да се однесувам кон нив и нивниот став во врска со тоа, како и спрема таа Црна Гора што тоа мнозинство ја сочинува“, истакна Додик.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе