Тврди дека независноста на РС ја поддржуваат членки на ЕУ

Додик од Лавров побарал помош во вооружување

При средбата во Белград минатата недела, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик од шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров побарал воена помош доколку во скоро време дојде до оружен конфликт во БиХ.

EPA-EFE

Ова го објави босанскиот портал Истрага, повикувајќи се на информации на безбедносните служби на БиХ.

Додик за Радио-телевизија Република Српска (РТРС) изјави дека РС за своите цели планира да се бори со политички средства, но дека е спремна и на оружени судири ако е потребно, како и дека ќе побара „помош од пријателите“.

„Доколку биде потребно, ќе се браниме и со нашите сили. Ако дојде до тоа НАТО да интервенира, ние ќе побараме помош од нашите пријатели кои јасно и гласно ни кажаа дека тие своите пријатели не ги оставаат во небрано“, кажа Додик, не прецизирајќи кои се „пријателите“.

Додик истакна дека независноста на РС ја поддржуваат седум членки на Европската Унија. „Точно е, но нема да кажам кои“, истакна Додик.

Амбасадата на Руската Федерација во Сараево во март порача дека Русија ќе реагира доколку БиХ преземе чекори кон членство во НАТО бидејќи Москва тоа ќе го толкува како непријателски чин.

Оружените сили на БиХ тесно соработуваат со НАТО и оружените сили на членките на воениот пакт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе