Додик објави пропагандно видео: „Ја повикувам Република Српска да се обедини и да се брани“ (ВИДЕО)

Сојузот на независни социјалдемократи на Милорад Додик синоќа на социјалните мрежи објави видео по повод одлуката на високиот претставник Валентин Инзко да го забрани негирањето на геноцидот и величењето на злосторствата.

Screenshot: Youtube

Во видеото Додик, лидер на СНСД и претседавач на Претседателството на БиХ, држи говор, а се прикажуваат разни кадри. Еден од кадрите е и големо српско знаме.

„Јас се плашам само од Бог и да не го разочарам овој народ“, вели Додик. Меѓу другото, тој кажува дека негира дека се случил геноцид во Сребреница.

„Република Српска ќе каже доста! Ги отфрламе наметнатите закони, ако во БиХ не ни дадат да живееме како што сакаме, ние го знаеме својот пат. СНСД се води од волјата на народот, а волјата е јасна – Република Српска пред сè“, пишува на Твитер со видеото.

„Ја повикува цела Република Српска да се обедини и да се брани. Ова е клучниот момент, во кој како народ или ќе опстанеме со РС и своите идентитети, или за кратко време ќе ја изгубиме шансата да постоиме на овие простори“, кажува Додик во видеото.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Youtube

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе