Додик: Ниту сум јас Бог, ниту е Шмит висок претставник

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека тој не е Бог, но дека ни Кристијан Шмит не е висок претставник на меѓународната заедница во БиХ.

EPA-EFE

„Разликата е во тоа што јас знам дека не сум Бог, а тој упорно тврди дека е висок претставник“, кажа Додик по повод изјавата дека „Додик не е Бог“ и дека „постојано се жали дека луѓето со него не разговараат“.

Додик за новинската агенција СРНА кажа дека „не може да претпостави врз основа на што Шмит ги изведува заклучоците дека тој наводно кука дека никој не сака да разговара со него“, освен ако не мислел на, како што кажа, „скандалозната расправа во германскиот Бундестаг во кој Република Српска беше наклеветена со опасни измислици“.

„Никој од гласните учесници во дискусијата не дојде во Република Српска, ниту се обиде да дознае што е вистината, а што медиумската вистина која тенденциозно ја пласираат одредени медиуми“, кажа Додик.

Додик претходно наведе дека „германски државен министер пред Бундестагот кажа дека Народното собрание на Република Српска презело конкретни чекори кои водат кон сецесија и дека тоа е напад врз цела Европа“, што го оцени како лага и хајка против Република Српска.

Околу изјавата на Шмит дека е загрижен поради нанесувањето штета на граѓаните на РС и БиХ, Додик кажа дека „и кога би сакал да нанесе штета, не би можел да дојде на ред од Шмит и сличните“, за кои кажа дека „ништо други не прават туку живеат на сметка на штетата“ на граѓаните на БиХ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе