Додик: Невозможно е само Србите да биле виновни

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека не верува во исправноста на Хашкиот суд бидејќи смета дека не обезбедил основа за помирување.

Додик кажа дека во Република Српска немаат доверба во Хашкиот суд, кој утре треба да му ја изрече конечната пресуда на нејзиниот поранешен претседател Радован Караџиќ, но дека сепак верува „дека е можно да победи некаква правда“.

„Дали Караџиќ донел некаква одлука некаде да се нападнат цивили? Не“, кажа Додик гостувајќи на српската телевизија Пинк, додавајќи дека обвинението за командна одговорност изгледа важи само за Србите.

Тој наведе дека „недовербата во Хашкиот суд“ во Република Српска е само засилена со тоа што има гласини дека исчезнале, односно биле отстранети некои докази.

„Лично не верувам во исправноста на тој суд, не ја исполни својата мисија со своите одлуки да обезбеди основа за помирување“, кажа Додик.

Според него, невозможно е само едната страна да е виновна.

„Обвинето е и политичкото и военото раководство на Република Српска, а воениот командант на Сребреница Насер Ориќ, за чии ѕверства се снимани филмови, е ослободен“, кажа Додик.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе