Додик: Нема да се раководам според правилата на странски сили

Српскиот член на претседателството на БиХ Милорад Додик истакна дека се труди да остане доследен на политиката која ја води – почитувањето на Дејтонскиот договор, а не да се раководи според очекувањата на странските сили, главно западните.

EPA-EFE

„Повеќе ја сакам поддршката од народот, отколку на западните бирократи кои ни наметнуваат свои правила. Прифатен сум како еден од ретките политичари кои го поддржуваат Дејтонскиот договор и на тоа ја изградив својата кариера“, кажа Додик во интервју за француски Монд.

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина истакна дека секогаш го брани напишаното во Дејтонскиот договор, а не неговиот „дух“ кој го наметнуваат високите претставници, кои, како што наведе, безусловно ги поддржуваат владите во Париз, Лондон и Вашингтон.

Додик потсети дека БиХ ја сочинуваат два ентитети и три конститутивни народи, оценувајќи дека високите претставници прават сè за тоа да се укине и да се изгради БиХ без ентитети.

„Кога ќе ѝ се спротивставите на оваа централизирана волја, вие сте претставени како нарушувачки фактор“, кажа Додик.

Според него, проблемот со демократијата во БиХ доаѓа од Западот, кој, како што оцени, бара лојалност, а не политички партнери.

„Ако сте во согласност со нивните очекувања, тогаш сте во ред. Послушната елита во БиХ, која зависи и живее според наредби кои доаѓаат од страна, не сака да ги преземе своите обврски и затоа БиХ не функционира“, смета Додик.

Според него, БиХ е неповратно поделено општество и никаква хемија не може тоа да го смени.

„Ние во Република Српска секогаш БиХ сме ја прифаќале како обврска, но сме ја прифаќале. Од друга страна, не можеме да прифатиме БиХ која функционира спротивно на уставот“, порача тој.

На прашањето како ја гледа Република Српска во иднина, Додик кажа дека таа би можела да остане во БиХ онака како што е замислено според Дејтон, според уставот, но не во БиХ каква што ја замислува Западот, истакнувајќи дека ни Србите ни Хрватите нема да се согласат да живеат во таква БиХ.

Оцени дека САД, откако ги изгубија позициите во Авганистан и на други места, се обидуваат да се држат, како што наведе, „до своите стари навики и се обидуваат нам да ни ги наметнуваат своите правила кои одат во нивна корист“.

„Претставени сме како блиски на руските и кинеските интереси во регионот, а кога Емануел Макрон потпишува договори со кинескиот претседател Си Џинпинг тогаш не зборуваат за кинеско влијание, но кога ние тука ќе направиме мала рута од стотина милиони евра, тоа се смета за кинеско влијание“, истакна Додик.

Зборувајќи за соработката со Владимир Путин, Виктор Орбан и Реџеп Таип Ердоган, Додик кажа дека на сите им го кажува истото – да се вратиме на уставот на БиХ, да го примениме уставот и сè ќе биде во ред.

„Добро знам дека Ердоган во крајна инстанца секогаш ќе биде на страната на муслиманите. Но разговарав со него бидејќи во него гледам човек кој сака да помогне во зачувувањето на мирот во БиХ. Путин никогаш не ми кажал да се отцепиме, ми кажал да го почитуваме меѓународното право и Дејтонскиот договор. Унгарија е многу заинтересирана за Балканот“, кажа Додик.

Тој истакна дека нема да се откаже од своите уверувања и дека нема да ја напушти својата политика – БиХ во согласност со уставот и во тој контекст јакнење на надлежноста на Република Српска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе