Додик: Нема да дадам согласност било чии трупи да дојдат во БиХ

Српскиот член на Претседателството на БиХ изјави денес дека, сè додека е дел од Претседателството, нема да даде согласност било чии воени трупи, ни на НАТО ни руски, да дојдат во Босна и Херцеговина.

EPA-EFE

Додик, реагирајќи на повикот на лидерот на бошњачката Партија за демократска акција Бакир Изетбеговиќ НАТО и ЕУФОР да го засилат присуството во БиХ, особено во областа на Брчко, кажа дека на Изетбеговиќ „сешто му се мота низ главата“.

„Тој управува со уставниот суд, судовите, а сега кулминацијата е дека управува со НАТО“, наведе Додик.

Оцени дека е болно размислувањето дека односот меѓу претставниците на конститутивните народи треба да го уредуваат воени сили.

Додик повтори дека било чии трупи, па ни 100.000 војници на НАТО, не можат да дојдат во БиХ без согласност на надлежните органи, а како што истакна, надлежниот орган за тоа е Претседателството.

„Колку што знам јас, сè уште седам во Претседателството и никогаш нема да дадам согласност било чии трупи, ни на НАТО ни руски, да дојдат тука“, порача Додик.

Тој смета дека БиХ е одамна пропадната земја бидејќи, како што наведе, е разделена и дека тоа ни Европа ни Америка не можат да го поправат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе