Додик: Не заговарам одвојување на Република Српска од БиХ

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик негираше дека тој, односно властите на ентитетот Република Српска, планираат сецесија, кажувајќи дека таквите уверувања ѝ ги пренел и на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Шефицата на германската дипломатија денес за време на посетата на Сараево се сретна со тројцата членови на Претседателството на БиХ.

EPA-EFE

Додик и Шефик Џаферовиќ по средбата на новинарите им кажаа дека состанокот бил добар и корисен. По подолго време имаа речиси идентична оценка за некој настан. „Кажав дека ние немаме сецесионистички планови“, изјави Додик.

Откри дека централна тема било всушност што може Германија да направи за да ѝ помогне на Босна и Херцеговина и дали може земјата и под кои услови конечно да добие статус на кандидат за членство во Европската Унија, особено во светло на украинската криза.

Додик кажа дека на состанокот не се зборувало за санкциите на кои тој би можел да биде подложен, како што претходно предлагаше Бербок, и дека на дневниот ред не биле ни евентуални санкции на Русија. Кажа дека на германската министерка ѝ пренел уверувања дека безбедносната ситуација во БиХ воопшто не е така лоша како што некои ја прикажуваат и дека не постои закана од конфликт и војна.

Џаферовиќ во одвоена изјава порача дека состанокот со Бербок бил „важен, конструктивен и успешен“, бидејќи се потврдило дека Германија сака да ѝ помогне на БиХ да ја надмине сегашната криза и да напредува на патот кон ЕУ и НАТО. „Можеме да очекуваме посилен ангажман на Германија во БиХ, како и на целиот Западен Балкан“, кажа Џаферовиќ. Истакна дека во сегашните околности е најважно да се обезбеди целосно функционирање на државните тела на власта во БиХ, да се прекине со блокадите и заканите по суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе