Додик: НАТО ги испиша најсрамните страници на историјата

Српскиот член на Претседателството на БиХ Мирослав Додик изјави дека со бомбардирањето, најпрвин на Република Српска а потоа и на Србија, НАТО ги испиша најсрамните страници на историјата на европско тло.

„Со воздушните операции врз Република Српска НАТО отворено се стави на една страна во граѓанската во Босна и Херцеговина и влијаеше врз конечн иот исход на војната“, кажа Додик по повод 9 септември – Денот на сеќавањето на жртвите на НАТО бомбардирањето во Република Српска.

„Осиромашениот ураниум, кој во тие операции беше фрлен на територијата на Српска и Србија и денес ги убива нашите деца, па може да се каже дека НАТО и 24 години потоа има погубен ефект за Република Српска и нејзиниот народ“, кажа тој.

Додик им изрази сочувство на семејствата на настраданите и солидарност со сите кои и денес се борат со најтешките болести, како последица на операциите на НАТО пактот.

„Воздушните напади на НАТО во деведесеттите години на минатиот век врз Република Српска оставија траен и неизбришлив печат врз колективната свест на нашиот народ“, кажа тој.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе