„Збогум БиХ“

Додик најави „РС-егзит“ (ВИДЕО)

„Goodbye BiH, welcome RS-exit“, порача вчера српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик на почетокот на обраќањето на посебната седница на народното собрание на Република Српска.

Тој истакна дека парламентот на Република Српска е клучното место за сите одлуки и дека само тоа може да зборува во име на народот.

„Ние не смееме да се колебаме да донесеме одлуки важни за нашата иднина. Овојпат сме сериозни и нема да прифатиме некое друго движење“, кажа Додик.

Тој истакна дека РС и српскиот народ немаат шанса во БиХ, бидејќи се гледаат како категорија која Сараево и Бошњаците не ја прифаќаат и ја мразат и сакаат да ја уништат, и дека бошњачките политичари се уверени дека е дојден моментот за конечната пресметка со српскиот народ.

Додаде дека нивното уверување дека странците ќе ја спасат Босна и Херцеговина е наивно и дека РС нема ниедна друга солуција освен да се води според своите интереси.

„Се обидуваат да нѐ направат помалку вредни, сметајќи дека само тие знаат што е добро за нас. Сѐ за уставниот суд е веќе кажано. Овој пат тој суд отиде предалеку и си даде право да носи одлуки и да префрла имот на БиХ, имот што не ѝ припаѓа“, наведе Додик.

Како што оцени, многумина од Западот мислат дека РС не е способна и спремна да се грижи сама за себе.

„Се гледаме за 60 дена, верувам дека ќе бидеме во она што го кажав на почетокот“, кажа Додик.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе