„500 километри за други меѓународни правила“

Додик: Косовското прашање не може да се одвои од прашањето на Република Српска и БиХ

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави денес дека косовското прашање никако не може да се одвои од прашањето на Република Српска и БиХ и оцени дека косовската платформа за дијалогот за нормализација на односите на Приштина и Белград е список на желби на едната страна.

Додик за агенцијата Срна кажа дека во Република Српска внимателно се следи што се случува во односите на Приштина и Белград, но и Приштина и Тирана, бидејќи Косово е сесрпско прашање, а не само прашање на официјален Белград.

„Ќе мора да видиме како меѓународната заедница ќе се однесува кон тоа прашање кое никако не може да се одвои од прашањето на Република Српска и Босна и Херцеговина. Зошто Косово би било случај „суи генерис“, како што западната меѓународна заедница сака тоа да го каже: По што е тоа единствен случај?“, праша Додик.

Тој праша и како е можно 500 километри од Република Српска да важат некои други меѓународни правила за истите или слични општествено политички околности.

„Тоа се прашања на кои ќе мора да се одговори. Или молчењето на меѓународната заедница на косовската платформа е сигнал и до Република Српска дека е доволно еднострано да состави список на убави желби и да ги фактурира во Сараево?“, истакна Додик.

Тој кажа и дека Приштина ставила точка на преговорите со Белград со усвојувањето на платформата за дијалогот за сеопфатен и обврзувачки договор за нормализација на односите на Приштина и Белград.

„Нема да има решение за прашањето на јужната српска покраина сѐ додека во тоа решение не биде и Србија со своите историски, национални, политички и сите други интереси. Косовските Албанци со тој документ, односно со барањата во тој документ, ставија точка на какви било преговори и договори“, кажа Додик.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе