Додик: Косово е држава во обид, БиХ е невозможна држава во распаѓање

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Косово во Обединетите нации не добило никакво меѓународно признавање, како што Приштина тоа го очекувала од „толкувачот на светскиот поредок“.

EPA-EFE

Додик наведе дека тоа потврдува дека Косово е „само држава во обид, што и ќе остане, а БиХ е невозможна држава во распаѓање, што на сите им е јасно“.

„Јасно се виде и во Њујорк дека тие две насилно создадени творби, БиХ и Косово, не се субјекти на меѓународната политика и правото и јасно се покажува дека нивната позиција на меѓународната сцена е сè помала како што минува времето, што е судбината и на Црна Гора под Мило Ѓукановиќ на позицијата претседател“, кажа Додик за новинската агенција Срна.

Тој оцени дека средбата на претседавачот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ со претседателката на Косово Вјоса Османи и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ била „карикатурална“ и дека јасно покажува каква држава е БиХ „штом соговорници му се овие двајца ултрашовинисти“.

„На Османи не ѝ беше пречка за оваа средба со Комшиќ ни фактот што БиХ не го призна Косово, бидејќи ги обединува нескриената омраза кон Србите“, оцени Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе