Еден од позначајните партнери на БиХ

Додик: Кина ни се најде кога ЕУ ни ја затвори вратата

Претседавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Кина се покажала како еден од позначајните партнери на БиХ и дека онлајн самитот со 17 земји од Централна и Источна Европа бил прилика за анализирање на претходно одобрените проекти и разговор за нови инвестиции.

EPA-EFE

„Кина тука се покажа како еден од важните партнери, кој не се колебаше да го реализира она што ќе се договори и тоа ни дава оптимизам дека и во иднина, сите заедно, а особено ние во БиХ и Република Српска, ќе ги анимираме и заинтересираме Кинезите кои ни се многу важни“, кажа Додик за Кинеската медиумска група (КМГ).

Додик, кој беше еден од учесниците на вчерашниот самит на лидерите на Кина и земјите на Централна и Источна Европа, кажа дека „постои долга листа на проекти и во Република Српска и во Федерацијата БиХ и заинтересираност за ангажман и користење на средствата од оваа програма која беше промовирана во 2012 година и која се покажа како одржлива во услови на глобална нерамнотежа“.

„Форматот 17+1 дава шанса, пред сè на нас тука, на брз и ефикасен начин да добиеме дополнителни средства и партнери за да одиме понатаму“, кажа Додик. Наведе дека БиХ е заинтересирана за проекти од областа на енергетиката, но и за патишта и автопати.

Додик кажа дека Кина се покажала како потентен инвеститор, кој нема политички барања и условувања.

„Тоа е најдобриот начин. Ако веќе земате кредити, плаќате камати или промовирате нечии технологии, тоа би требало да биде сосема доволно, а не да доаѓаат со политички и некои други барања. Кина се покажа како една од глобалните сили и еден од најкорисните партнери“, кажа тој.

Додик оцени и дека Договорот за инвестиции меѓу ЕУ и Кина „е добар за ЕУ но и за регионот на кој му припаѓа БиХ“.

„Дополнително се отвора огромниот кинески пазар, не само за потрошувачка туку и за инвестиции во новите технологии со кои Европа располага. Секако дека тој договор ќе им користи на сите па и нам кои сме посредно негови консументи секако ќе ни даде прилика да го видиме потенцијалот“, кажа.

Истакна дека „пандемијата на коронавирусот одеднаш ги сопре, и како со хируршки нож ги пресече контактите“ меѓу земјите, но дека Кина, во таков амбиент, покажала солидарност и транспарентност.

„Морам да кажам дека ние на почетокот на пандемијата одеднаш бевме оставени од нашите европски партнери, кои ги затворија своите капацитети за продажба на опрема – од респиратори до маски. Моравме одеднаш сите да се насочиме на кинескиот пазар. Од Кина ја набавивме цела неопходна опрема, а сега имаме ситуација Кина да е речиси најголемиот и најсигурен произведувач на вакцина против ковид-19 во светот“, кажа Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе