Додик: Христијанската и муслиманската заедница во БиХ не можат да живеат заедно

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина не успеа да го спречи поставувањето нов германски амбасадор бидејќи опозицијата ја бојкотираше седницата на парламентот на Република Српска, но сепак ја искористи говорницата за пораката дека во БиХ христијанската и муслиманската заедница не можат заедно да живеат.

EPA-EFE

Искористувајќи ја можноста за прогласување нарушување на витален интерес како српски член на државниот врв на БиХ, Додик побара одржување вонредна седница на собранието на РС, на кој не дојдоа опозициските пратеници.

Без поддршка од две третини од пратениците на ентитетскиот парламент не е можно да се оспори одлуката на Претседателството на БиХ за прифаќање на новиот амбасадор на Германија откако гласаа другите два члена Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.

„БиХ е пример како христијанската и муслиманската заедница не можат да најдат коегзистенција. Секој обид на планетата да се управува со ваквите разлики во светот пропадна. Нема ниеден успешен пример. Затоа БиХ останува заробена во постојани неуспешни обиди на имагинацијата“, кажа Додик.

Ја обвини меѓународната заедница дека со своите интервенции по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор дополнително ја дестабилизирала таа држава.

„БиХ за сите нас е голема неволја и регресија, несигурна, лишена од секаква визија и иднина. Нејзиното постоење е необјасниво. За БиХ нема оправдување освен грубиот странски притисок и силата“, кажа Додик.

Тој побара од собранието да го поддржи неговото противење на новиот германски амбасадор, сè додека не се отфрли резолуцијата на Бундестагот усвоена летоска во која се бара БиХ да се оддалечи од концептот на конститутивни народи во која како ризици за постоењето на БиХ се наведени Додик и хрватскиот лидер Драган Човиќ.

„Би требало да се одбие секое мешање и на Германија и на секоја земја, да ја отфрлиме резолуцијата која ја донесе Германија, бидејќи таа е мешање во уставниот поредок на БиХ“, кажа Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе