Додик го обвини американскиот амбасадор дека се меша во внатрешните работи во БиХ

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик се искара денес со американскиот амбасадор во таа земја Ерик Нелсон, кого го обвини за мешање во внатрешните работи на БиХ. Додик во изјава за локалните медиуми реагираше на блогот кој го објави Нелсон, во кој истакна дека политичарите во БиХ поттикнуваат тензии и вештачки произведуваат конфликти додека самите ги полнат џебовите.

EPA-EFE

Нелсон не го спомна директно Додик, но ја спомна тезата за мирно разидување која токму тој ја форсира и порача дека би било најдобро кога таквите политичари би се санкционирале на изборите. Потсети и на претходно воведените санкции на Вашингтон против Додик, на кого од 2017 година му е забранет влез во САД со оценка дека тој со своите постапки го доведува во прашање Дејтонскиот договор.

На Додик особено му засмета проценката на американскиот амбасадор дека политичарите во БиХ шират поделби за непречено да се богатат. Оцени дека таа забелешка „излегува од рамките на добрата дипломатска пракса и дека таков испад во која било друга држава во светот секој амбасадор би го довела во незавидна позиција“. Негодуваше и поради предупредувањето на Нелсон дека е ретроградно да се повикува на „изворниот Дејтон“, што го прават властите во Република Српска служејќи се со тоа за да се обидат да ѝ ги одземат на државата БиХ крајно ограничените овластувања кои ги има и да се пренесат на ентитетите. Додик оцени дека дипломатите, па ни американскиот амбасадор, немаат мандат да ги уредуваат односите во БиХ.

Блогот на американскиот амбасадор Нелсон е само еден во низата реакции на американската влада на засилените тензии во БиХ предизвикани од повиците на Додик за мирно растурање и најавите на Бакир Изетбеговиќ дека тоа може да води кон нова војна. Стејт департментот неделава побара од функционерите во БиХ да престанат со таквата реторика и конечно да ги решат важните проблеми како измените на уставот и изборниот закон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе