Блокада на државните институции

Додик го блокира патот на БиХ во НАТО

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик порача вчера дека нема да гласа за Годишниот национален план за пристап во НАТО, откривајќи дека тој документ бил тргнат од дневниот ред на седницата која траела само десет минути.

Ова е новиот чин на политичката драма во Босна и Херцеговина која ја креираат бошњачките политичари со уцени кон Република Српска и српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик, пишува Вечерње новости. Поради нивниот ултиматум до Додик, кој, накратко, гласи: „Гласај за патот кон НАТО, а ние ќе го поддржиме изборот на Зоран Тегелтија за советот на министри на БиХ“, практично е продлабочена парализа на институциите на државно ниво.

Додик објасни дека по одлуката за отфрлање на договорот од дневниот ред на седницата на Претседателството, одржана вчера, било илузорно да се одржи вонредната седница посветена на кандидатот за мандатар на Советот на министри, истакнувајќи ја уште еднаш потребата што побрзо да се формира власта.

Претседавачот со Претседателството на БиХ смета дека ваквиот расплет на настаните е обид за купување време и резултат на мешањето на амбасадорите на САД и Британија.

„Јас само ќе кажам дека нема потреба да разговараме за договорот. Српската страна и јас нема да гласаме за тој план, за нас е неприфатлив патот кон НАТО од низа причини кои и претходно ги кажавме“, истакна Додик.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе