Додик го блокира одлучувањето во Претседателството на БиХ, гласа против сѐ

Претседателството на БиХ денес се соочи со блокада во одлучувањето откако српскиот член на тоа тело Милорад Додик на седницата во Сараево гласаше против сите предложени одлуки и ратификации на меѓународните договори.

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ го опиша таквото однесување како загрозување на мирот и основите на Дејтонскиот договор.

Откако заврши седницата на Претседателството, која траеше едвај дваесетина минути, Додик им потврди на новинарите дека гласал против сѐ, па и дневниот ред, како и одлуката со која Република Српска требало да добие шест милиони евра за изградба на автопат, и најави дека така ќе работи и следните два месеци.

Додик најави дека до крајот на неделата српските и хрватските парти во БиХ ќе предложат во државниот парламент закон за завршување на мандатот на странските судии во уставниот суд на БиХ. Тој повторно кажа дека странските судии во уставниот суд служат само за да ги поддржуваат Бошњаците и за да „спроведуваат инквизиција врз Србите“.

Џаферовиќ на посебна прес-конференција потврди дека Додик гласал и против најавената официјална посета на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ на БиХ, повикувајќи се на заштита на виталните национални интереси на Србите.

Тој истакна дека ваквата ситуација ќе биде на штета на РС бидејќи БиХ постоела и пред Дејтонскиот договор, а можат да исчезнат само ентитетите кои настанале со него.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе