Додик: Емигрантската криза во БиХ да ја реши ЕУ

Српскиот член и претседавач со Претседателството на БиХ Милорад Додик порача денес на состанокот со амбасадорите на ЕУ, акредитирани во БиХ, дека никакви кампови за емигранти нема да бидат правени во Република Српска и дека не треба такви одлуки да се очекуваат од неа.

EPA-EFE

Додик на новинарите во Сараво им кажа дека на средбата со амбасадорите на ЕУ најмногу се разговарало за емигрантската криза.

За време на состанокот, кажа Додик, амбасадорите на ЕУ биле замолени да не ги враќаат во БиХ нелегалните емигранти кои успеваат да се пробијат до земјите на Унијата.

„На крајот на краиштата, ЕУ и ги охрабри тие луѓе да тргнат на овој далечен пат од своите домови. Да не ни ги враќаат тие емигранти, бидејќи тоа генерира дополнителни проблеми“, кажа Додик.

Тој истакна дека постојат две најдобри решенија – ЕУ да прифати одреден број од емигрантите, а другиот дел од тие луѓе треба да се депортираат во земјите од каде што дошле, но тогаш, како што наведе, би скокнале многу наводно хуманитарни организации по Европа кои тоа би го осудиле.

„Така што сме во една пат позиција“, кажа Додик.

Тој напомена дека БиХ не е предизвикувач на кризата, ниту ја генерирала и не е одговорна, иако често се слушаат критики кои токму на БиХ ѝ ја препишуваат одговорноста за проблемот.

На прашањето дали имало условувања од амбасадорите на ЕУ, Додик одговори дека состанокот бил коректен, и дека постои заедничка фрустрација околу нелегалните емиграции.

Додик повтори дека се противи на поставувањето на војската на границата со Србија, и праша што тие оружени сили можат да спречат.

„Имаат ли овластувања да пукаат во емигрантите кои влегуваат, што ќе каже ЕУ, ќе каже дека сме употребиле прекумерна сила. Нема договор за тоа. Претседателството на БиХ е согласно дека проблемот го генерира ЕУ, бидејќи емигрантите преку Грција и Бугарија доаѓаат до Србија и влегуваат во БиХ“, кажа Додик.

Тој праша зошто ЕУ не испратила војска меѓу Бугарија и Србија или Бугарија и Грција, Грција и Турција, а сега тоа го очекува од БиХ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе