Додик: Да, Босна е темпирана бомба

Макрон призна дека БиХ е „темпирана бомба“, која претставува опасност за ЕУ поради исламскиот тероризам, изјави српскиот член на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик.

„Му благодарам на претседателот (на Франција Емануел) Макрон што на светската, но и на својата јавност им ја соопшти вистината на која јас подолго време укажувам, кога станува збор за БиХ, а поради што трпев критики од некои од меѓународната заедница, на кои не им одговараше вистината за БиХ“, кажа Додик.

Тој истакна дека Макрон со својата изјава признал дека вака наказно устроена БиХ претставува опасност за Европската Унија поради исламскиот тероризам и војниците на џихадот кои беа регрутирани во БиХ за боиштата во Сирија, Ирак, а кои сега се враќаат во земјата.

„Западот долго ги охрабруваше сараевските хегемонистички и централистички кругови, а тоа доведе до тоа БиХ да стане целосно дисфункционална заедница по поткопувањето на Дејтонскиот договор, односно дејтонското уредување, додека со силата на дејствувањето на сараевските политички кругови лизна во целосен исламистички екстремизам“, наведе Додик.

Истакна дека не е среќен што состојбата во БиХ на некој начин е политички неодржлива, но, додаде, ако еден од водечките светски лидери ве означи како главниот проблем во регионот и уште наведе конкретна причина, тој тука повеќе не би имал што да додаде туку да побара од одговорните во Сараево да ги објават вистинските податоци за исламските фундаменталисти, за кои зборува Макрон и каква е тука улогата на Сараево.

„По самитот во Софија кога соопшти дека Европската Унија нема повеќе да се шири на западниот Балкан, Макрон со изјавата за БиХ сега ја кажа и една од основните причини за тоа“, порача Додик.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе