„САД внесуваат конфузија на Балканот“

Додик: Чест ми е да бидам под американски санкции

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик рече дека му е „чест“ да биде подложен на американски санкции, а американската влада ја обвини дека „внела конфузија“ на Балканот со назначување специјални претставници за справување со ситуацијата во регионот.

Во интервју за српската верзија на руската новинска агенција Спутник, објавено во средата, Милорад Додик тврди дека фактот дека е предмет на американски санкции, а со тоа му е и замрзнат имотот во САД и му е забрането да патува во земјата, само му помага да не мора да го слуша она што му го порачуваат од Вашингтон.

Додик е на американската црна листа од почетокот на 2017 година, при што сегашниот американски амбасадор во БиХ, Ерик Нелсон, потврди дека санкциите ќе останат во сила сè додека Додик не го промени однесувањето. 

Така, сега претставниците на американската администрација се среќаваат со Додик само во вонредни околности, а и тоа го прават, објасни Нелсон, само од почит кон позицијата член на Претседателството на БиХ.

Додик сега тврди дека образложението дека прибегнал кон антидејтонска реторика кога се заканил дека ќе ја одвои Република Српска од БиХ е целосно неосновано и вели дека „вистинските криминалци“ всушност се претставниците на меѓународната заедница во БиХ, кои преку своите интервенции го менувале системот предвиден со уставот од Дејтон.

„СДА ќе напише документ што е целосно противуставен и никој не покренува прашања за одговорност, а ако јас кажам нешто, тогаш тоа е аларм за Вашингтон да ми воведе санкции. Тоа и не е толку лошо, јас сум почестен што не мора да се состанувам со Американци што ќе бараат да направам нешто што не сакам“, изјави Додик.

Тој додаде и дека не сака да ги загуби Русите како пријатели и го пофали рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, како објективен политичар и добар познавач на Балканот, а за американската дипломатија рече дека само внесува збунетост, како доказ истакнувајќи дека, со Метју Палмер, специјалниот пратеник на Стејт департментот на Балканот, сега во регионот треба да посредува и Ричард Гренел, како специјален пратеник на Трамп за дијалог за Србија и Косово.

Тој тврди дека е „измислица“ тезата што ја повторуваат западните дипломати дека има малигно руско влијание на Балканот.

„Никогаш не сум слушнал ниеден Русин да дојде и да каже дека нешто треба да се направи вака или онака. Русите дури немаат ни медиуми во БиХ како Н1 или Ал џезира“, рече Додик, барајќи уште еднаш од руските власти да размислат за неговиот претходен предлог на Балканот да воспостават своја телевизиска мрежа за да ѝ парира на пропагандата на западните интереси.

Додик повтори дека ќе продолжи одлучно да се противи на можноста БиХ да стане членка на НАТО.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе