Додик: Чекаме некој нов Трамп за да прогласиме независност

Она што меѓународниот фактор го прави во врска со новиот висок претставник претставува одмазда кон Република Српска, но мислам дека тоа е при крај. Мандатот на (американскиот претседател Џо) Бајден нема долго да трае и можеби ќе се појави некој нов Трамп, а ако се појави, во првата година треба да се прогласи независност на РС, кажа Милорад Додик на трибината наречена „Крајот на Инцко – крај на Српска или распад на Босна“.

EPA-EFE

Додик оцени дека Кристијан Шмит не е висок претставник бидејќи нема легитимитет, и истакна дека Босна и Херцеговина не личи на онаа напишаната во Дејтон, дека претставува експеримент на меѓународната заедница и дека никогаш не била резултат на договор на сите страни.

„Уверен сум во постоењето на Република Српска и тоа дека таа еден ден, со сложување на минималните меѓународни политички констелации, ќе биде независна држава, бидејќи БиХ нема шанса и не успеа да заживее ни со масовната воена, политичка и финансиска акција во минатото“, наведе српскиот член на Претседателството на БиХ.

Тој праша зошто не се зборува за тоа дали народите може да живеат едни покрај други и одвоено во БиХ.

„Мислам дека тоа би била поголема гаранција за Балканот, отколку ваквото постојано триење од кое може да летне некоја искра“, кажа Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе