Задоволен од новиот комесар за проширување

Додик: Будимпешта има подобро чувство за Балканот од остатокот на ЕУ

Српскиот член на претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека е задоволен што Ласло Трочањи од Унгарија би требало да биде новиот европски комесар за соседство и проширување, наведувајќи дека Будимпешта има подобар сензибилитет кон Балканот од останатите европски земји.

„Невозможно е сега да се коментираат персоналните решенија, но треба да се очекува дека новиот состав на Европската комисија ќе биде соочен со низа внатрешни прашања“, кажа Додик во Бања Лука.

Според него, тоа се однесува на емиграциите, брегзитот и останатите важни прашања.

Зборувајќи за политиката на проширување на ЕУ, Додик кажа дека политичарите блиски до францускиот претседател Емануел Макрон се против проширување, додавајќи дека тоа ќе биде тешко да се надмине додека ЕУ не ги реши постојните проблеми.

„Значи, ќе останеме во координација, а ресурсите и поддршката за проширување на ЕУ се значајни. Во БиХ мора да гледаме како ќе реагираме на сите предизвици, па и популациските, на што значително придонесува западна Европа бидејќи сака работници, а се соочува со социјални, образовни и верски проблеми“, истакна тој.

Според него, ЕУ се ориентира на сопирање на доаѓањето на емигрантите од Средниот и Далечниот Исток, а сакаат база за работната сила да им бидат земјите кои тежнеат кон ЕУ.

Српскиот член на претседателството на БиХ оцено дека основното прашање е како да се соработува со ЕУ кога БиХ нема формирано нова власт, додавајќи дека им се радува на состаноците со претставниците на Европската комисија.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе