Додик: БиХ нема да биде членка на НАТО

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави во Москва дека Република Српска е против членството на БиХ во НАТО.

EPA-EFE

„БиХ нема да биде членка на НАТО. Република Српска се противи на тоа од повеќе причини. И покрај претходните одлуки кои ги донесе БиХ, тие одлуки повеќе нема да ги спроведуваме“, кажа Додик за руската агенција РИА Новости.

Додик, кој вчера присуствуваше на Парадата на победата во Москва, за руската агенција кажа дека планира до крајот на годината повторно да ја посети Москва со намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за сите аспекти на соработката.

„Во план е до крајот на годината повторно да ја посетам Москва и се надевам дека ќе биде можно да се сретнам со претседателот Путин. Ќе разговараме за сите аспекти на нашата соработка“, кажа Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе