Кажа дека Србите „нема да почнат војна за да се отцепат“

Додик: БиХ е пропаднат проект, најдобро е да се разделиме на цивилизиран начин

Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, изјави во интервју за шпански Ел Мундо дека „БиХ е пропаднат проект“ и дека најдоброто решение за таа држава е Бошњаците, Србите и Хрватите да се „раздвојат на цивилизиран начин“.

EPA-EFE

„БиХ нема да може да опстане поради истата причина поради која не опстана Југославија. Во БиХ постојат три народи. Два од нив, Хрватите и Србите, се многу незадоволни. Муслиманите сакаат да создадат унитарна држава во која тие би биле доминантниот народ“, изјави Додик.

„Нашата политика не е насочена на сецесија. Зборуваме за друга можност, заснована на проценката дека БиХ нема да биде успешна како држава. Ако биде така, најдобро е да се раздвоиме на цивилизиран начин“, додаде тој.

Истакна дека „Србите нема да почнат војна за да се отцепат“, но повтори дека е најдобро да се раздвојат „ако не може да се живее заедно“.

Кажа и дека Србите „го бранат политичкиот процес“ кон постигнувањето на таа цел и дека приказните за можна војна се „бесмислици“.

Наведе дека БиХ постои како држава само поради притисокот на меѓународната заедница.

„Тоа е експеримент на странците“, истакна Додик. „Прво што предлагам е странците да престанат да управуваат со оваа земја, бидејќи таа е единствената колонија која во моментов постои во Европа. Нека нè пуштат да најдеме консензус, ако е можно“.

Додик смета дека европскиот висок претставник Кристијан Шмит нема право да воведува закон во БиХ.

„На изборите пред три години освоив најмногу гласови, многу повеќе од моите двајца колеги од Претседателството заедно. И сега доаѓа тој Германец и вели дека иднината на БиХ нема да се конституира со Додик. Што мисли, кој е тој?“, кажа.

„БиХ е еден пропаднат проект, БиХ се наоѓа пред тешка криза. Не е таа криза сега создадена, таа е отсекогаш тука. БиХ е синоним за криза“, заклучи Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе