Додик: БиХ е малигно заболена и нема шанси за успех

Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на БиХ, кажа дека Република Српска не излегла од уставно-правниот поредок туку дека бара враќање во уставните рамки.

EPA-EFE

Тој за Хрватската радио-телевизија истакна дека Република Српска е посветена на примената на уставот на Босна и Херцеговина.

На прашањето дали одлуката која ја донел на 10 декември може да се заврши брз нова војна, Додик кажа дека војната како опција не е предвидена.

„Тоа не е излегување од уставно-правниот поредок, тоа е враќање на уставно-правниот поредок. Кога го читате уставот, тогаш ќе видите дека тоа е примена, ние сме посветени на примената на уставот и уставно-правниот поредок. Имаше многу девијации во БиХ. БиХ не успеа да заживее сето ова време. Без оглед на бесрамното кршење на уставот кое го прават странците кои ја држат БиХ како единствена колонија во Европа“, кажа Додик во интервјуто.

„На БиХ не ѝ е дадено премногу со уставот така што ништо не ѝ се ни одзема. БиХ се враќа во уставниот поредок. Земено ѝ е на Република Српска, земено ѝ е на Федерацијата БиХ, земено им е на конститутивните народи, сè за да се промовира некоја заедничка институција која никогаш не даде резултати“, напомена тој.

На констатацијата дека меѓународната заедница е критична кон овој потег и дека се најавуваат санкции Додик кажа дека има многу луѓе кои ја разбираат оваа ситуација, дури и оние кои се закануваат со санкции.

„Затоа и се закануваат со санкции, бидејќи немаат друг одговор, немаат уставно-правен одговор, така што не можат ништо друго освен со чиста сила да го задржат постоечкото кршење на уставниот поредок во БиХ“, кажа тој.

На прашањето што е спорно во одлуката на поранешниот висок претставник за санкционирањето на наводниот геноцид и „зошто не признава дека во Сребреница е извршен геноцид“, Додик одговори:

„Спорно е неизбран странец во која било земја, а особено во меѓународно призната како БиХ, да може да наметне каков било закон. Таквиот висок претставник во облик на неколку фигури наметна 140 закони во БиХ. И изгледаше дека тоа повеќе нема да го прави, но тогаш Инцко ја врати старата пракса на наметнување закони. Нормално дека имаме проблем и со суштината, а суштината е предмет на расправа која треба да се случи во парламентот, за неа евентуално да се разговара, но тоа никогаш не се случи“, кажа тој.

Додаде дека има луѓе кои тврдат дека во Сребреница се случил геноцид и такви кои тврдат дека не се случил.

Додик истакна дека не сака да им се придружи на многуте илузионисти кои се обидуваат да ја одржат имагинарната приказна за БиХ.

„Таа имаше шанса почитувајќи ги пред сè конститутивните народи – Србите, Хрватите и Бошњаците – и нивните права да се изразат на ниво на БиХ. Тоа веќе 20 години се урива. И така БиХ е малигно заболена. Таа нема шанси да успее. Особено кога во овој момент гледате дека имате два народи кои изразуваат незадоволство од моменталната состојба во БиХ, тоа се Србите, ние, и Хрватите, кои со право се гневни на ваквиот систем во кој се надгласани. Тоа не е фер кон конститутивните народи. На овој начин, БиХ нема шанси“, заклучи Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе