Додик: Америка може само физички да ме елиминира

Што се однесува до санкциите, единствени санкции кои мене би ме заболеле се санкции од мојот српски народ, а тоа е неизводливо, порача српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик.

EPA-EFE

„Повикување на санкции слушаме само во другиот ентитет – општо повикување на санкции или елиминација на Додик. Некои кои јас не сум ги ни сретнал во политичкиот живот. Политиката на санкции нема да ја реши кризата во Босна и Херцеговина“, кажа Додик и додаде:

„Јас не се чувствувам одговорен и виновен за тие нивни фрустрирани приказни за санкции. Што добила Америка со тоа, и што може да добие? Може да оди понатаму – физички да ме елиминира, или на некој друг начин, нема трето“.

Тој кажа дека ќе продолжи да ја работи својата работа и да ја спроведува својата политика.

„Мислам дека имаме сериозна политика, СНСД и нашата коалиција, дека на другите јасно им кажуваме што сакаме. А другите нè обвинуваат за војна. Кој сега зборува за војна, тоа беше прашање пред два месеци. Сега никој не зборува за тоа. Нема никакви потенцијали за војна. Кога немате одговор на политичките предизвици и предлози кои доаѓаат од наша страна, тогаш плашите со војна“, кажа Додик.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе