Додик: Ако нема статус на кандидат за БиХ, не важи ни договорот од Брисел

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, денеска изјави дека „ако нема кандидатски статус за БиХ, умира и договорот во Брисел“.

Фото: ЕПА

Претходно овој месец, претседателите на владејачката коалиција од Република Српска во Брисел го усвоија документот „Политички договор за принципите за обезбедување функционален напредок на БиХ на европскиот пат“ за да придонесат во напорите до крајот на месецов БиХ да добие можност по забрзан принцип да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.

„Ништо не потпишавме, начелно го прифативме тој документ, бидејќи разбравме дека овој документ може да придонесе БиХ да добие кандидатски статус на крајот на месецот“, рече тогаш Додик.

Тој денеска на Твитер напиша дека средбата во Брисел била поттикната од желбата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, да му понуди на Европскиот совет одреден договор за политичарите од БиХ.

„Сè уште стојам зад тоа. Доколку го добиеме кандидатскиот статус, треба да се исполни сѐ што е договорено таму“, рече Додик.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе