Додик: Ако НАТО интервенира, ќе бараме помош од пријателите. Ќе се браниме

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик кажа дека во Босна и Херцеговина нема да има воени судири.

EPA-EFE

Тој истакна дека не знае на што поединци од Федерацијата БиХ ги засноваат тврдењата за неможноста на мирно разидување.

„Сметам дека тука нема причина за воено присуство на странци или за употреба на сила. Кога тоа ќе го елиминирате, Република Српска со својата полиција и она што го има од оружени сили нема намера да допре ниту една педа од Федерацијата БиХ, ниту нешто да прави таму, но има намера да ја почитува ентитетската линија и нејзините граници“, кажа Додик.

„Не сакаме никаква ескалација на проблемите. Ова е политичко прашање и политичка борба. Тука се носат политички, а не воени одлуки“, истакна српскиот член на Претседателството на БиХ.

Додик кажа дека Република Српска ќе донесе одлука за повлекување на согласноста за формирање на Оружените сили на БиХ, што ќе значи дека не го уважува законот за оружени сили на територијата на Република Српска и ќе биде кажа дека на секој Србин кој ќе излезе од тој систем, нелегален од тој момент, ќе му биде регулиран правно-работниот статус во институциите на Република Српска.

„Ќе се даде и разумен рок останатите припадници на оружените сили да ја напуштат Република Српска во тоа својство. Можат да останат да живеат ако се граѓани, но не можат повеќе да бидат во служба на оружените сили“, кажа Додик.

„Доколку биде потребно, ќе се браниме со нашите сили. Ако дојде до тоа да кажат дека НАТО ќе интервенира, ние ќе побараме помош од нашите пријатели кои јасно и гласно ни кажаа дека тие своите пријатели не ги оставаат во небрано“, кажа тој.

На прашањето дали неговите постапки претставуваат пат кон независност на Република Српска, Додик кажа дека тоа не зависи од Српска, но дека „не преостанува ништо друго“ доколку не се почитува уставното право на РС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе