Додека Трамп сѐ посериозно ѝ се заканува на Северна Кореја, Јапонците се спремаат за војна (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани синоќа на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун дека ќе зажали ако ја нападне американската територија Гуам, јавуваат агенциите.

„Ако направи нешто во насока на Гуам или која било друга американска територија, или некој американски сојузник, тој тоа навистина брзо ќе го зажали“, кажа Трамп на неформална конференција за новинарите во Бедминстер во Њу Џерси, каде што се наоѓа на одмор.

На прес конференцијата присуствуваа и државниот секретар Рекс Тилерсон, амбасадорката во ОН Ники Хејли и советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер.

Трамп истакна дека се надева дека Северна Кореја ќе ја сфати целосно тежината на неговите зборови.

„Се надевам дека целосно ќе ја сфати тежината на ова што го кажав. А тоа што го кажав и го мислам“, предупреди американскиот претседател. „Тие зборови лесно се разбираат“.

На прашањето дали има коментар на изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел, која вчера кажа дека се противи на воено решение и ја осуди вербалната војна меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, Трамп кажа дека нејзините зборови „се однесуваат на Германија, а сигурно не се однесуваат на САД“.

Јапонија денес го размести својот противракетен систем „патриот“ по најавата на Северна Кореја за план за лансирање ракети во правец на американската територија Гуам во Тихиот Океан.

Како што пренесува јапонската државна телевизија НХК, министерството за одбрана денес почнало да го распоредува американскиот против ракетен систем ПАК-3 (Patriot Advanced Capability) во Шимана, Хирошима и Кочи, на западот на земјата.

Телевизиски снимки објавени денес покажуваат воени возила кои пред зората ги превезувале лансирни рампи и другите елементи од противракетниот систем во воената база во Кочи.

Јапонската влада претходно неделава соопшти дека ќе ги урне сите севернокорејски ракети кои евентуално би претставувале закана за јапонската територија.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе