Додека светот ја следи Ирма, монсунски поплави убија над илјада луѓе во Индија (ВИДЕО)

Ураганот Харви, кој на крајот на август помина покрај централна Америка и потоа го потопи тексашкиот град Хјустон, зад себе според официјалните податоци остави 71 загинат, од тоа едно лице во Гвајана и 70 во САД. Ураганот Ирма, кој во моментов дивее по Флорида, претходно опустоши низа карипски острови и Куба, а бројот на мртвите засега се проценува на триесетина луѓе.

Двата урагани и нивните разорни и смртносни последици детално ги следеа западните медиуми, што е разбирливо имајќи го предвид уништувањето што го предизвикаа, и како примери за климатските промени кои ја загрозуваат функционалноста на човечката цивилизација на Земјата.

Но, во истиот период во Индија, Непал и Бангладеш во монсунски дождови и поплавите предизвикани од нив загинаа над илјада луѓе, а се проценува дека 41 милион луѓе во јужна Азија се погодени од лошите временски прилики во изминатите недели. Според азиските медиуми, поплавите кои на крајот на август и почетокот на септември ја погодија Индија се најголемите во изминатите неколку децении, а дурисега следи расчистувањето на штетата и повторната изградба на урнатото откако водата конечна почна да се повлекува.

Монсунските дождови и поплавите го погодија и финансискиот центар на Индија, повеќемилионскиот град Мумбаи, кој поради тоа неколку дена беше целосно парализиран. Милиони луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите, на голем број куќите им исчезнаа во надојдената вода, а прекината е и наставата во 18 илјади училишта кои поплавите ги оштетиле или урнале. Ионака слабото снабдување со вода во многу места престанало да функционира бидејќи канализациите и водоводите се потопени, па се заканува опасност од ширење заразни болести.

Сезоната на монсуни во јужна Азија, која вообичаено трае од јуни до септември, секоја година зема десетици животи, но дождовите годинава беа рекордни и предизвикаа многу пострашни последици од вообичаеното.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе