Додека Кина чека одобрување од СЗО, Филипини враќаат кинески вакцини

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, во понеделникот пред камери се вакцинираше со прва доза од кинеска вакцина, што требаше да ги охрабри неговите неволни сограѓани да го следат неговиот пример и да се вакцинираат против ковид-19.

EPA-EFE/KING RODRIGUEZ

Наместо тоа, тој доби остри критики. Филипинците не го критикуваа Дутерте поради вакцинирањето, туку поради изборот на вакцина што сè уште не е одобрена од државните регулатори, пишува Си-ен-ен.

Дутерте затоа реши да врати 1000 дози вакцина од компанијата Синофарм донирани од Кина на Филипините и ѝ се извини на јавноста поради вакцинирање со неодобрена вакцина.

Претседателот му порача на кинескиот амбасадор да ги запре пратките од Синофарм.

„Испратете ни ја вакцината Синовак, која сите ја користат“, рече Дутерте, пренесуваат локалните медиуми. Синовак е друга кинеска вакцина која во февруари била одобрена на Филипините.

Кинеските вакцини наидуваат на пречки при одобренијата за итна употреба од Светската здравствена организација (СЗО), иако веќе се користат во многу други земји.

Кога компанијата Синофарм на почетокот на март аплицирала за одобрување за итна употреба кај филипинската Агенција за храна и лекови (ФДА), директорот на агенцијата кажал дека ќе биде потребно извесно време за одобрување бидејќи вакцината не е одобрена од други регулаторни тела, како што е СЗО.

Ситуацијата може наскоро да се промени. СЗО на прес-конференција во понеделникот изјави дека очекува одлука „за одобрување за итна употреба на Синофарм и Синовак“ да биде донесена „до крајот на оваа недела“.

Одобрението на СЗО може да ја зголеми довербата во кинеските вакцини, кои се мета на критики поради ниските стапки на ефикасност и недостатокот на транспарентност за време на клиничките испитувања.

Синофарм и Синовак се помалку ефикасни вакцини отколку иРНК вакцините произведени од Фајзер и Модерна. И за разлика од западните колеги, двете кинески компании не објавија целосни податоци за последните фази од клиничките испитувања, односно испитувањата врз луѓе.

Според Синофарм и Синовац, нивните вакцини постигнале различни резултати на ефикасност во испитувањата спроведени во различни земји, но сите го надминале прагот од 50 проценти потребен за СЗО да ги одобри вакцините.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/KING RODRIGUEZ

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе