Добра вест за жирафите

Комитетот на Конференцијата за дивиот свет вети дека ќе бидат заштитени.

Земјите од целиот свет вчера првпат се сложија да ги заштитат жирафите како загрозен вид, привлекувајќи пофалби од активистите за заштита и од скептиците од некои супсахарски африкански нации, пренесува АП.

Гласањето во четвртокот од страна на клучниот комитет на Светската конференција за животински свет позната како СИТЕС го отвора патот за веројатно одобрување на мерката од страна на нејзиниот пленар следната недела. Планот ќе ја регулира светската трговија со делови од жирафи, вклучително и кожата, коските и месото, сè додека не се воведе целосна забрана. Гласањето помина со 106-21 глас, и седум воздржани.

„На толку многу луѓе толку добро им се познати жирафите што мислат дека ги имаме во изобилство“, рече Сузан Либерман од Здружението за зачувување на дивиот свет. „Во Јужна Африка ним можеби им оди добро, но жирафите се сериозно загрозени“. Либерман рече дека жирафите се особено изложени на ризик во делови од Западна, Централна и Источна Африка.

Здружението за зачувување на животинскиот свет соопшти дека е загрижено за повеќекратните закани кон жирафите, кои веќе резултирале со пад на популацијата, и наведоа дека тоа е поради загубените живеалишта, поради сушите влошени од климатските промени и нелегалните убиства и трговијата со делови од телата на жирафи.

„Жирафата доживеа пад од над 40% во последните 30 години“, рече Мајана Филип Мурути од Африканската фондација за животински свет. „Ако тој тренд продолжи, тоа значи дека одиме кон истребување“.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе