Според свештеник од Нотр Дам

Добра вест: сите уметнички дела се спасени, Круната од трње, светите реликвии

Свештеник од катедралата Нотр Дам тврди дека сите скапоцени артефакти и уметнички дела се спасени од историската зграда.

Николас Делесал на Твитер напиша: „Добра вест: сите уметнички дела се спасени. Богатството на Катедралата е недопрено, Круната од трње, Светите реликвии“.

Пожарот, кој уништи големи делови од париската катедрала, се прошири на една од познатите правоаголни кули, откако ги урна шпицестата кула и покривот. Засега нема информации за жртви.

Причината за пожарот не е позната, но властите го поврзуваат со тековното реновирање.

Француската Агенција за цивилна безбедност соопшти дека на местото се распоредени сите средства освен канадери (кои ги препорача Доналд Трамп), бидејќи тие може да предизвикаат колапс на целата градба.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе