„Добра работа ќе беше ако Багдади беше фатен жив“

Вистинска работа ќе беше ако лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади беше фатен жив, но добро е што тој е отстранет од сцената, порача Џереми Корбин.

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија е долгогодишен критичар на американската надворешна политика.

„Тоа што тој е отстранет од сцената е мошне добра работа“, кажа Корбин за британската радиостаница ЛБЦ.

„Да беше можно да биде уапсен, тоа сигурно ќе беше добра работа, а јас во овој момент не ги знам сите детали и околности, видов само разни соопштенија што за тоа ги објавија САД“, додаде тој.

Багдади заедно со две деца загина така што го активираше елекот со експлозив додека бегаше од американските сили за време на нападот во северозападна Сирија, соопшти претходно американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.

Корбин се надева дека ќе го наследи Борис Џонсон на местото британски премиер по изборите на 12 декември. Тој рече дека на луѓе како Багдади треба да им се суди пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе