Добитничката на Нобеловата награда за мир: Доналд Трамп е морон (ВИДЕО)

Добитничката на годинешната Нобелова награда за мир, организацијата Меѓународна кампања за забрана на нуклеарното оружје (ИЦАН), предупреди на Доналд Трамп и неговата контрола врз американскиот нуклеарен арсенал.

ИЦАН соопшти дека изборот на Трамп за американски претседате „го истакна ризикот од нуклеарното оружје“ и предупреди дека „изгледа дека американскиот претседател ги игнорира мислењата на експертите за употребата на нуклеарното оружје“.

„Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје (ИЦАН) е добитничка на годинешната Нобелова награда за мир поради укажувањето на катастрофалните хуманитарни последици од употребата на нуклеарното оружје во какви било цели“, изјави претходно претседателката на норвешкиот Одбор за доделување на Нобеловата награда за мир Берит Рајс Андерсен.

„Нуклеарното оружје е нелегално“

Директорката на ИЦАН Беатрис Фин исто така одржа говор на доделувањето на наградата и во него кажа дека „изборот на Трамп за претседател вознемирил многумина поради фактот што тој сега има моќ да дозволи употреба на нуклеарното оружје“.

На конференцијата за новинарите по доделувањето Фин беше прашања за постот на Твитер од пред два дена во кој Трамп го нарече „морон“. Таа одговори дека се обидела да се пошегува како одговор на медиумските тврдења дека американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го нарекол морон, но дека „сега малку жали поради тоа“.

„Не постојат вистински раце за погрешно оружје. Нуклеарното оружје е нелегално. Заканите со употреба на нуклеарно оружје се нелегални“, истакна Фин.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе