Според германската министерка за одбрана

„Доаѓаме заедно, си одиме заедно“: сите војници на НАТО веројатно ќе го напуштат Авганистан заедно со Американците

Очекуваното заминување на американските војници од Авганистан значи дека ќе заминат и други странски нации во мисијата предводена од НАТО, рече германската министерка за одбрана. Берлин е втор по тамошното воено присуство, по САД.

Фото: ЕПА

По денешниот специјален состанок на министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите од НАТО, се очекува воениот блок официјално да го потврди повлекувањето на војниците од Авганистан до 11 септември. Во повлекувањето ќе бидат вклучени не само американските трупи, туку и сите сили на НАТО распоредени во земјата како дел од меѓународната коалиција, рече германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

„Ние секогаш велиме дека доаѓаме заедно, заминуваме заедно“, рече таа во утринско интервју за телевизијата АРД. „Се залагам за уредно повлекување. И затоа претпоставувам дека за ова ќе одлучиме денес.“

Мировниот договор потпишан меѓу талибанците и САД во февруари 2020 година под администрацијата на Доналд Трамп го одреди 1 мај како краен рок за повлекување на американските војници од Авганистан. Администрацијата на Џо Бајден очигледно ќе го промаши овој рок, но планира да го заврши повлекувањето до 11 септември, на 20-годишнината од терористичките напади што ја предизвикаа американската инвазија во земјата.

САД се најголемиот учесник во коалиционите трупи во Авганистан, со околу 2.500 редовни војници и, наводно, до 1.000 специјалци. Германија има втор по големина контингент од 1.100 припадници на воената служба во Авганистан. Вкупниот обем на мисијата Одлучна поддршка на НАТО е околу 10.000 лица.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе