Коронавирус

Дневниот број на починати во Италија падна на 683, вкупно 7.500 мртви

Здравствените власти во Италија објавија пад на дневната бројка на смртни случаи од ковид-19, откако во вторникот бројката се зголеми. Земјата претрпе најголеми загуби од пандемијата во светот.

Италија неодамна со бројот на жртвите ја претекна Кина како епицентар на епидемијата. Во саботата дневниот број жртви стигна до рекордни 793, а во неделата и понеделникот падна, но во вторникот повторно се искачи.

Севкупно, бројот на потврдени случаи на ковид-19 денеска се искачи на 74.386, од 69.176 дена претходниот ден, соопшти Италијанската агенција за цивилна заштита.

Речиси целиот товар на епидемијата падна на северот на земјата, а медицинскиот систем да се бори да се справи со наглиот прилив на сериозно болни пациенти. Денеска градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори, рече дека болниците немаат ресурси ниту простор за да им помогнат на сите погодени, што значи дека некои заболени од ковид-19 умираат дома.

Шпанија денеска стана втората земја по Италија со најголем број починати од коронавирус, претекнувајќи ја Кина. Светската здравствена организација предупреди дека САД се во ризик да станат следниот епицентар на пандемијата, со оглед на ненадејниот пораст на тамошниот број на заразени.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе