Дмитро Кулеба: САД ни испраќаат повеќе оружје и друга помош

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека се сретнал со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Берлин и дека „повеќе оружје и друга помош се на пат за Украина".

Фото: ЕПА

Кулеба треба да ги информира министрите за надворешни работи на НАТО денеска во Берлин за ситуацијата во Украина и како Алијансата може дополнително да помогне во борбата против руската инвазија која трае 12 недели.

„Се договоривме за блиска соработка за да обезбедиме храната што ја извезува Украина да стигне до потрошувачите во Африка и Азија. Благодарен сум на секретарот Блинкен и на САД за нивното лидерство и силната поддршка“, напиша Кулеба на Твитер.

Двајцата функционери разговараа за ефектите од руската инвазија на Украина, вклучително и ефектите врз безбедноста на храната во светот, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

„Секретарот Блинкен пренесе детали за последниот дел од американската безбедносна помош за зајакнување на одбраната на Украина“, рече Прајс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе