Диви свињи на улиците на Рим (ВИДЕО)

Диви свињи се сè почеста глетка на улиците на главниот град на Италија. Ги привлекуваат купиштата ѓубре по улиците.

Скриншот

Во последните години во Рим граѓаните гледаат сè повеќе диви свињи, а како главна причина за тоа се смета несредената ситуација со градското ѓубре кое се прелева од пренатрупаните канти и контејнери.

Снимките кои се појавија на социјалните мрежи прикажуваат група диви свињи како минуваат покрај автомобилите и пешаците во Монте Марио, северниот дел на градот.

„Се плашам... Еднаш ги видов кога одев да фрлам ѓубре, тргнаа по мене“, кажа за Ројтерс Роса Карлети, жителка на Рим.

„Знаеме дека нема да нè нападнат, но секогаш држиме дистанца, бидејќи ако станува збор за мајка со младенчиња, постои ризик од напад“, кажа жителот на Рим Леонардо Зеноби.

Легенда под Главна слика

Скриншот

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе