Диви свињи го опседнуваат Белград (ВИДЕО)

Диви свињи талкаат низ Белград, а видени се и снимени во разни делови на градот, јавуваат српските медиуми.

Како што за Блиц вели претседателот на Ловечкото здружение на белград Зоран Коциќ, дивите свињи кои се појавија во Белград се многу уплашени, но не се опасни за луѓето.

„Само во ситуации кога вепарот е ранет и кога женката ги чува своите прасиња може да дојде до евентуална опасност по луѓето, во останатите случаи не“, кажа Коциќ за Блиц.

Најмногу диви свињи во последните денови се видени во центарот на Нови Београд, едно животно вчера паднало од петтиот спрат на гаража на Обилиќев венац, а вчера била фотографирана една дива свиња во самиот центар на градот, на Калемегдан.

Се претпоставува дека свињите поради високото ниво на водата во Дунав кој поплавил еден остров во близина избегале на другата, градската страна.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе