Директорот на Фолксваген се извини поради изјавата што потсетува на нацистички слоган

Извршниот директор на компанијата Фолксваген мораше јавно да се извини бидејќи употреби слоган „Ebit macht frei” кој личи на нацистички за да ја покаже важноста на заработката, пишува Би-би-си.

Херберт Диес на свечен настан на својата компанија неделава во еден момент го употребил изразот „Ebit macht frei“, кој несомнено потсетува на „Arbeit macht frei“ (Работата ослободува), односно натписот што стои на влезот на озлогласениот концентрационен логор Аушвиц.

Диес во слоганот ја употребил кратенката „ебит“ – „earnings before interest and taxes“ (заработката на општеството пред одбивање на платените камати и даноци).

„Жал ми е поради несомнено несреќниот избор на зборовите“, напиша Диес во својата изјава.

„Во ниеден момент не сакав моите зборови да се стават во тој контекст. Тоа не ми беше намерата. Кога ги кажав, таа можност воопшто не ми падна на ум“, истакна тој.

Извршниот директор на Фолксваген ја потврди и „посебната одговорност на компанијата поради поврзаноста со Третиот рајх.

Компанијата Фолксваген е основана во 1937 година, како остварување на визијата на Адолф Хитлер дека секое германско семејство треба да има автомобил. За време на Втората светска војна компанијата со седиште во Волфсбург произведувала возила за нацистичката армија, а во нејзината фабрика работеле 15.000 присилни работници од околните концентрациони логори.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе