Директорот на ЦИА разговарал со Путин

Шефот на ЦИА Бил Барнс имал разговор со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. На тоа го натерала, како што кажа, загриженоста на Соединетите Американски Држави околу трупањето руски трупи на границата со Украина, пренесува Си-ен-ен.

EPA-EFE

Комуникацијата ја потврди и портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков: „Да, разговор на таа тема беше спроведен телефонски“. Ја објасни природата на разговорот кажувајќи дека фокусот бил на билатералните односи, кризата на дипломатските односи, а двајцата разговарале и за погледите на конфликтите во регионот. „Нормално, се разговарало и за сајбербезбедноста“, додаде Песков.

Извори блиски на Си-ен-ен коментираат дека би било „лудо да не се размислува за можноста од руска инвазија или упад на трупи во Украина“.

Гледањето на вистинските руски мотиви значително се разликува во зависност од тоа со кого разговарате во ЦИА. Додека некои сметаат дека Русија се спрема за инвазија, други имаат верба во умереноста на експанзионистичките тежнеења на Путин. Тие сметаат дека тоа се само воени вежби, обид за заплашување на Украина.

Украина барем во јавноста на оддава впечаток на загриженост: „Русија е позната по трупањето војска со цел создавање тензии и политички притисок во регионот“, соопшти украинското министерство за одбрана.

На сателитските снимки направени на почетокот на ноември се гледа невообичаен шаблон на движење на руските трупи. Тоа ги загрижува американските власти. Имено, снимките покажуваат војници, тенкови и артилерија кај руски Јелња. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден околу можноста за руска инвазија е „позагрижена отколку што била на пролет“, се наведува.

По налог на Бајден, Барнс одлетал за Москва за да спречи каква било евентуална ескалација – да му даде јасно до знаење на Кремљ дека се следи движењето на трупите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе