Директорот на ЦИА на тајна средба со лидерот на талибанците

Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА, Вилијам Барнс, одржа тајна средба во Кабул со Абдул Гани Барадар, соосновачот на талибанците и политички водач на таа исламистичка организација, пренесува Вашингтон пост.

Фото: ЕПА

Состанокот е одржан денес.

Неименуван висок американски дипломат рече дека претседателот Џо Бајден го испратил шефот на своите шпиони на состанок со де факто лидерот на талибанците, бидејќи се соочува со сè поголем притисок како се приближува 31 август, крајниот рок за завршување на евакуацијата од Кабул.

ЦИА одби да го коментира состанокот, наведувајќи ја политиката на агенцијата никогаш да не ги коментира патувањата и средбите на директорот.

Веста за средбата помеѓу директорот на ЦИА и талибанскиот лидер доаѓа во време кога Бајден мора да одлучи дали ќе се обиде или не да го продолжи рокот за конечно повлекување на американските сили од Авганистан. Бајден е под притисок на домашната јавност поради катастрофалниот пад на Авганистан во рацете на талибанците за помалку од две недели, но и на меѓународната со оглед дека со повлекувањето на американската војска од Авганистан на цедило ги остави и своите европски сојузници.

Велика Британија, Шпанија и Германија денеска предупредија дека нема да стасаат до 31 август да ги повлечат сите авганистански помошници и сојузници од Кабул.

Бајден денеска ќе учествува на виртуелен состанок на групата Г7, на кој учествуваат седумте најмоќни западни земји. Велика Британија веќе побара од Бајден да го продолжи рокот за повлекување на американските сили и евакуацијата, но талибанците рекоа дека тој рок го сметаат за „црвена линија“.

Тие, исто така, предупредија на можни последици доколку Америка одлучи да го продолжи рокот.

„Тоа е црвена линија. Американскиот претседател Бајден објави дека сите нивни воени сили ќе се повлечат на 31 август. Значи, ако се продолжи рокот, тоа значи дека окупацијата се продолжува, иако тоа не е потребно", изјави вчера портпаролот на талибанците за Скај њуз.

„Тоа ќе создаде недоверба меѓу нас. Ако имаат намера да ја продолжат окупацијата, тоа ќе предизвика реакција и ќе има последици“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе