Директорката на Хуавеј на пат кон Кина, двајцата канадски државјани се враќаат дома

Двајцата канадски државјани кои Кина ги држеше повеќе од 1.000 дена го напуштиле кинескиот воздушен простор и ќе се вратат денес во Канада, извести канадскиот премиер Џастин Трудо, откако вчера беше постигнат договор меѓу САД и финансиската директорка на Хуавеј технолоџис Менг Ванжу за завршување на случајот против неа.

EPA-EFE

Поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и претприемачот Мајкл Спавор, кој во Канада станаа познати како „двајцата Мајкловци“, беа уапсени во Кина само неколку дена откако во декември 2018 полицијата во Ванкувер ја уапси финансиската директорка на Хуавеј Ванжу, но и ќерка на основачот на тој кнцерн Рен Женгфеи, врз основа на американска потерница.

Набрзо откако Трудо го најави нивното враќање во Кина, кинеските медиуми јавија дека Менг полетала кон Кина по постигнатиот договор со американските власти.

Претходно вчера светските медиуми известија дека финансиската директорка на Хуавеј Менг Ванжу постигнала договор со американските обвинители со што заврши случајот против неа поврзан со обвинувања за измама и кршење на американските санкции против Иран.

Договорот се однесува само на Менг, а американското министерство за правосудство објави дека се подготвува судење против Хуавеј. На Менг тој договор ѝ овозможи да ја напушти Канада откако таму мина речиси три години во домашен притвор.

Договорот треба да ги ублажи дипломатските тензии меѓу Кина, Соединетите Американски Држави и Канада. Повеќегодишната драма околу екстрадицијата на Менг во САД беше извор на несогласувања меѓу Пекинг и Вашингтон, при што кинеските власти даваа до знаење треба да се прекине случајот за да заврши дипломатскиот спор меѓу двете најголеми светски економски сили.

Нејзиното апсење предизвика и дипломатски судир во Канада кога Кина ги уапси двајцата кандски државјани. Иако официјален Пекинг цело време инсистираше дека двата случаи не се поврзани, либералната влада на Трудо ја обвинуваше Кина за заложничка дипломатија.

Новинарите вчера го прашаа Трудо дали двете земји постигнале билатерален договор.

„Сакам да им се заблагодарам на нашите сојузници и партнери низ светот во меѓународната заедница кои цврсто стоеја солидарно со Канада и со двајцата Канаѓани“, кажа канадскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе