Директорот на СЗО: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека пандемијата на коронавирусот не е ни близу до крајот и нема наскоро да заврши.

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

„Ова не е ни блиску до крајот“, рече тој на прес-конференција во Женева.

„Иако многу земји остварија напредок, на светско ниво пандемијата всушност се шири сè побрзо. Сите сакаме ова да заврши. Сите сакаме да продолжиме со нашите животи, но тешката реалност е дека ова не е ни приближно до крајот“, рече Гебрејесус.

„Веќе изгубивме многу, но не смееме да изгубиме надеж“, додаде тој.

Тедрос исто така рече дека денес шест месеци откако СЗО ги доби првите информации за пневмонија до која дошло од непознати причини, а за која подоцна се покажало дека е предизвикана од новиот коронавирус САРС-КоВ-2.

„Денес се навршуваат шест месеци од првата пријава за вирусот и се совпаѓа со 10 милиони случаи на зараза и 500.000 смртни случаи“, додаде тој.

Тој рече дека сме во време кога треба да размислиме за напредокот што го постигнавме и за лекциите што ги научивме и да се посветиме на тоа да сториме сè за да спасиме животи.

„Пред шест месеци, никој не можеше да замисли дека нашиот свет и живот ќе изгледаат вака“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе